Економија, финансии, бизнис

Контакт

АМСМ: Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози

АМСМ: Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Македонија. 

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен-Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

На патниот правец А3 Прилеп – Битола - Ресен на обиколницата кај Битола свлечиштето е очистено, но од превентивни причини сообраќајот сеуште се пренасочува низ градот Битола. 

Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско - Неготино кај Стоби на река Црна, десната лента се затвора за сообраќај, a сообраќајот ќе се одвива по левата коловозна лента. Поставена e соодветна сигнализација. 

Слично

Поврзани вести