Економија, финансии, бизнис

Контакт

АМСМ: Поради сообраќајка еден патен правец е во прекин

АМСМ: Поради сообраќајка еден патен правец е во прекин

Поради сообраќајна незгода на патниот правец Струмица - ГП Ново Село, сообраќајот е во прекин од 00:45 часот, информираат од Авто мото сојузот на Македонија. 

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.

„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините“ - стои во соопштението од АМСМ. 

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен-Буково.

Слично

Поврзани вести