Економија, финансии, бизнис

Контакт

АМСМ: Овој патен правец ќе биде затворен...

АМСМ: Овој патен правец ќе биде затворен...

Поради асфалтирање, патниот правец Мелнички мост – Дебар ќе биде затворен во двата правци на 03.05.2017 и 04.05.2017 од 13:00 – 17:00 часот, информираат од Авто мото сојузот на Македонија. 

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви и чисти коловози.

„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините. Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен-Буково“ - велат од АМСМ. 

Се известуваат сите учесници на сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација за времен режим и да се придржуваат кон условите на патот.

Слично

Поврзани вести