АМСМ на Скопски маратон 2019 - Колегите трчаа за Александар и Калина
Со свој тим од 95 вработени, АМСМ денеска учествуваше на Скопскиот маратон.
На овој начин, вработените од АМСМ и оваа година му оддадоа чест на својот трагично загинат колега Александар, вљубеник во планинарскиот спорт и редовен учесник на маратонот, и неговата другарка Калина.

„Аце, кој постарите колеги ќе го паметат како дете, помладите како добар пријател, но секој од нас како вистински лидер кој инспирира, и овојпат успеа да нè мобилизира во голем број, потврдувајќи дека големината на секој од нас е во делата по кои остануваме запаметени“, напишаа од АМСМ на Фејсбук.
Слично
