Економија, финансии, бизнис

Контакт

АМСМ: Магла на повеќе патни правци низ Македонија

АМСМ: Магла на повеќе патни правци низ Македонија

Поради појава на магла, намалена видливост има на следниве места: Струмица 100 - 200 метри, Велес до 50 м, Неготино до 100 м, Демир Капија до 200 метри, Удово до 100 метри, Гевгелија до 50 метри, Скопје – Катланово и Скопска обиколница 10 - 15 метри, информираат од Авто мото сојузот на Македонија. 

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен-Буково. 

Според информација од ЈП Јасен, патниот правец Скопје - Македонски Брод низ Јасен, од 02.02.2017 година од 14:30 часот е со ограничена проодност. Во утврдените термини за еднонасочен сообраќај, дозволено е движење само на лесни теренски возила со погон 4x4.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.


Слично

Поврзани вести