АМСМ има важна информација за сите кои тргнуваат на пат
Доколку тргнувате на пат, Авто мото сојузот на Македонија порачува возачите да внимаваат на влажните коловози.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
„АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, соопшти АМСМ.
Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Слично
