АМСМ: Гужва е бидејќи Грција прави рутинска контрола на границите
Грција прави рутинска контрола и тоа е причината за долгите чекања за влез во државата.
Ова накратко го изјавија од Автомото сојузот на Македонија откако побаравме одговор зошто толку долго трае сагата на граѓаните кои се враќаат од летување.
Од граничниот премин „Богородица“ не добивме никаков одговор бидејќи не кренаа слушалка на нашите повици.
За потсетување, во ек на летни одмори граѓаните се повеќе трпат чекајќи со часови да влезат или излезат од државата а попладнево револтирани граѓани ни јавија преку фотографии дека им било кажано оти најмалку 6 часа ќе треба да чекаат за да преминат од грчка на македонска територија.
Слично
