Економија, финансии, бизнис

Контакт

АМС: Сумата од 55.000 евра не е единствена за Олимписките игри во Токио 2020

АМС: Сумата од 55.000 евра не е единствена за Олимписките игри во Токио 2020

Агенцијата за млади и спорт реагира на написот на „Фактор“ дека издвоената сума од 55.000 евра за подготовка на македонските спортисти за Летните олимписки игри во Токио 2020 не е единствената и дека до сега, како што велат од таму, целосната финансиска помош е 10 пати поголема во однос на 2016.

„Почитувани, Агенцијата за млади и спорт во 2019 година дава најголема финансиска поддршка за развој на спортот досега, споредбено со сите претходни години. Имено, доделените 55.000 евра за партиципација на македонските спортисти на Летните олимписки игри во Токио 2020, се само една од многуте програми со која Агенцијата за млади и спорт ги поддржува спортистите кои освоиле норма“, се вели во реакцијата.

Од таму велат дека АМС во изминативе 2 години целосно им ги покрива сите меѓународни натпреварувања, како и сите припремни подготовки на спортистите и ќе продолжи истото да го прави во 2020 година. 

„Средствата во спортот наменети за потенецијалните олимпијци, како и за сите останати спортисти се дури 10 пати повеќе зголемени во споредба со 2016 година, што е доказ за посветената работа на АМС, како и правилното и транспарентно распределување на средствата. Впрочем, фактот што после 12 години добиваме норма за Олимписките игри, покажува каква е заложбата на АМС за спортот и како преку вистински политики се носат резултати и успех“, пишува во реакцијата.

Слично

Поврзани вести