Амнестираните затвореници излегуваат на слобода
Околу 800 затвореници благодарение на новиот Законот за амнестија кој стапува на сила ќе се најдат на слобода., Од понеделник затворите ќе почнат со дистрибуција на досиејата на осудените лица до судовите кои им ги изрекле затворските казни со цел процесот да се одвива непречено.
– Брзината на излегување на амнестираните зависи од судовите, велат за МИА од Управата за извршување на санкции.
Оттаму потврдија дека се подготвени за доставување на сите решенија што ги ослободуваат осудените лица од издржување на казна затвор.
– Организирани сме до сите судови на рака да им се пренесат решенијата за да не се губи време по пошта, велат од Управата и посочуваат дека станува збор за околу 800 амнестирни затвореници.
– Како судовите ќе изготват решенија, така тие треба да се достават до затворите, да се потпишат и да се вратат назад. Значи, брзината на излегување зависи од судот. До понеделник се ќе биде доставено до судовите во целата Република, додаваат од Управата.
Законот за амнестија кој е донесен на 15 јануари, покрај амнестирањето на околу 800 затвореници, предвидува и намалување на казната за 30 отсто и на 3.097 осудени лица.
