Економија, финансии, бизнис

Контакт

Амнестираниот Тарчуловски на протест пред Собрание

Амнестираниот Тарчуловски на протест пред Собрание

Јохан Тарчуловски е еден од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кој го напушти Собранието и им се придружи на протестите против уставните измени што денеска цел ден ќе се одржуваат пред законодавниот дом.

Тарчуловски е еден од пратениците кој на крајот од декември доби ослободување од одговорноста за настаните во Собранието на 27 април со законот за амнестија. Тој беше меѓу оние обвинети кои ја искористија законската можност и поднесоа барање за амнестија.

- Јас сум каде што е народот. Пред собрание - напиша пратеникот на својот профил на Фејсбук.

Слично

Поврзани вести