Економија, финансии, бизнис

Контакт

АМНЕСТИЈАТА ПОМИНА ВО СОБРАНИЕ: Кој ќе биде помилуван за 27 април?

АМНЕСТИЈАТА ПОМИНА ВО СОБРАНИЕ: Кој ќе биде помилуван за 27 април?

Пратениците го „аминуваа“ законот за амнестија за инцидентите од 27 април или крвавиот четрвток.

Вкупно 95 гласа од владеачкото мнозинство но и од опозицијата гласаа ЗА.

На гласањето му претходеа низа амандмани од опозициската ВМРО ДПМНЕ со кои бараа целосна а не селективна амнестија.

Во текот на денешниот ден стана јасно и кои лица ќе бидат опфатени со помилувањето.

Како што беше соопштено лицата кои носеле оружје и фантомки, кои извршиле насилство и службени лица кои ги прекршиле овластувањата нема да бидат амнестирани.

Сите обвинети согласно законот за 27 април имаат право во рок од 5 дена по стапувањето на законот во сила да поднесат индивидуални барања за амнестија, а одлуката ја носи судот на предлог на обвинителството.

Тоа значи дека секој обвинет индивидуално ќе може да поднесе барање до надлежниот обвинител и суд, а оти судот ќе донесе решение по претходно мислење на Јавното обвинителство кое ќе го темели врз основа на докази со кои располага.

Слично

Поврзани вести