Економија, финансии, бизнис

Контакт

Амир Закири бегал од затворската полиција низ центарот на Скопје со лисици на рацете

Амир Закири бегал од затворската полиција низ центарот на Скопје со лисици на рацете

Амир Закири, обвинет криумчар на мигранти, и побегнал за затворската полиција денеска додека бил спроведуван на рочиште во Кривичниот суд 

Со лисици на рацете избегал кон хотелот Холидеј ин, а во потрага по него по течението на реката Вардар биле вклучени и повеќе полициски кучиња. Закири бил агресивен, но полицијата го совладала и привела во близина на зградата на Министерството за надворешни работи.

Според информациите на Телма, ќе следува покренување на постапка за затворските полицајци за да утврдат причините и околностите на бегството.

Sе работи за лице кое е осомничено за криумчарење на мигранти и кое од притвор било спроведено до судот.


Слично

Поврзани вести