Економија, финансии, бизнис

Контакт

АМЕРИКАНСКИОТ ДИПЛОМАТ ВО СКОПЈЕ: Хојт Ји денес разговара со Иванов, Заев и Груевски

АМЕРИКАНСКИОТ ДИПЛОМАТ ВО СКОПЈЕ: Хојт Ји денес разговара со Иванов, Заев и Груевски

Високиот функционер на американскиот Стејт департмент Брајн Хојт Ји во неделата после пладне почна разговори со највисоките претставници на власта и опозицијата во Македонија.

Заменик помошникот на државниот секретар на САД за европски и еврозазиски прашања, разговорите ги почна со претставници на Алијансата за Албанците и претставници на партијата Беса, а потоа и со делегација на Демократската унија за интеграција Али Ахмети.

Разговорите се посветени на „формирањето нова влада, билатерални односи на САД и Македонија и реформи потребни за евроатланска интеграција“, соопштено е претходно.

Исто така, Хојт Ји за денеска ќе се сретне со новоизбраниот претседател на парламентот Талат Џафери, шефот на државата Ѓорге Иванов и со лидерите на партиите ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски и СДСМ Зоран Заев.

Слично

Поврзани вести