Мичел во Македонија ќе допатува од Грузија, каде што исто така има политички активности.
Американски висок функционер доаѓа во Македонија да ја „неутрализира“ руската пропаганда
Вес Мичел, познатиот помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, по гостувањето на американскиот сенатор Рон Џонсон, в четврток пристигнува во Скопје за да даде поддршка за референдумот на 30 септември.
Американскиот висок функционер ќе има средби со Зоран Заев, премиер на Република Македонија и со други официјални претставници. Целта на неговата посета ќе биде поддршката на Спогодбата од Преспа меѓу Македонија и Грција, соопшти Стејт департментот.
Тој изминатиот октомври ја презеде функцијата на помошник државен секретар на американското Министерство за надворешни работи, функција што до јануари ја држеше Викторија Нуланд и межудругото е задолжен за Македонија, но и за дипломатските односи со 50 земји во Европа и Евроазија, НАТО, ЕУ и ОБСЕ.
Една од главните теми на неговите истражувања
додека работел како политички аналитичар е руската пропаганда и дезинформирањето и како тие да се
спречат
