Економија, финансии, бизнис

Контакт

Американски ловци Ф-16 и бомбардер ќе летаат над Криволак

Американски ловци Ф-16 и бомбардер ќе летаат над Криволак


Воениот полигон Криволак ќе го прелетаат два американски ловци Ф-16, но и стратегиски бомбардер Б-52 на 17 јуни на денот кога ќе има високи воени гости во Македонија, најавија од Министерството за одбрана на денешниот брифинг за вежбата „Одлучен удар“ 

– Фактот дека во наша национална вежба, која самите ќе ја водиме и организираме, во која ќе учествуваат шест земји, од кои сите други се веќе членки на Алијансата и над 2.700 припадници на овие армии, покажува дека можеме, дека знаеме и дека сме создале доверба за ова да биде овозможено – изјави министерката за одбрана Радмила  Шекеринска.

Воената вежба е организирана во партнерство со Армијата на САД. Повеќе од еден месец, околу 2.700 војници од шест земји ќе учествуваат на истата и таа ќе биде најголема и најсложена во историјата на македонско тло. Покрај 1.300 македонски и американски војници, ќе има и помали трупи од Албанија, Бугарија, Литванија и Црна Гора.

Слично

Поврзани вести