Економија, финансии, бизнис

Контакт

АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА ЗБОРУВАШЕ НА МАКЕДОНСКИ - за Агелер, ова е посебен ден за нашата држава

АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА ЗБОРУВАШЕ НА МАКЕДОНСКИ - за Агелер, ова е посебен ден за нашата држава

Американската амбасадорка денеска зборуваше на македонски јазик, на свеченоста која се одржа по повод поставувањето на камен темелникот на Коридорот 8. 

Според неа, ова е инвестиција во иднината на Северна Македонија и на сите земји поврзани со Коридорот 8 и пошироко, и ова е посебен ден за нашата држава. 

„Подобрувањето на патиштата во Северна Македонија е од исклучително значење за економскиот развој. Развојот на оваа модерна патна мрежа ќе помогне да се движат луѓето, да се движат стоките и да се привлечат инвестиции. Добрите транспортни рути како Коридор 8 ќе и помогнат на Македонија да ја подобри својата регионална интеграција и да изгради подобри односи со своите соседи“, рече Агелер.

Таа нагласи дека ова е повеќе од една обична инвестиција во патиштата во Северна Македонија, потенцирајќи дека станува збор за инвестиција во иднината на земјава, но и на сите држави поврзани со Коридорот 8 и пошироко.

Агелер изрази благодарност до Владата, до претставници на „Бехтел и Енка“ и на целите тимови за нивните напори за отпочнување на овој проект.

Фото: Фејсбук

Слично

Поврзани вести