Американската амбасадорка го посети новиот јавен обвинител Коцевски
Јавниот обвинител Љупчо Коцевски денеска оствари средба со амбасадорката на САД во Скопје, Анџела Агелер.
Според соопштението, на средбата најмногу се зборувало за аспектот на материјалните и кадровските ресурси на Основното јавно обвинителство.
Коцевски се заблагодарил за поддршката која САД ја даваат за обвинителството, особено за воспоставувањето и опремувањето на истражните центри.
Агелер истакнала дека поддршката на САД „ќе продолжи на сите нивоа кон сите поединци што работат со интегритет и тие кои се посветени да ги дадат најдобрите услуги на граѓаните, додавајќи дека од воспоставувањето на стратешкото партнерство на САД со нашата земја американската финансиска поддршка за целокупниот систем за владеење на правото изнесува околу половина милијарда долари“.
Амбасадорката Агелер оствари средба и со сите обвинители во републичкото обвинителство и се информираше за тековните активности поврзани со следење на евентуални нерегуларности поврзани со претстојниот изборен процес.
