Американската амбасада ги негира лажните вести - Трамп не ги укина визите за Македонците
Објавата на лажната вест на сајтот USA television дека новиот американски претседател Доналд Трамп донел одлука да ги укине визите за патување на македонските граѓани стигна и до американската амбасада во Скопје која мораше да ги демантира овие наводи.
- Лажните вести на сајтот USA television постираа сторија на 29 – ти март известувајќи дека претседателот Трамп потпишал наредба со цел да им се дозволи на жителите на Македонија да патуваат во САД без виза. Тоа не е вистина. Листата на земји кои што аплицираат за визи не е променета. Исто така, лажни беа и вестите постирани во јануари и февруари, кога сајтот објави речиси идентични верзии за Азија, Карибите, Колумбија, Јужна Африка, Гана и Малави, информираат од амбасадата.
Инаку оваа лажна вест брзо се прошири на социјалните мрежи во Македонија и доведе до заблуда голем број на граѓани кои не се соодветно информирани дека постојат веб сајтови кои намерно шират дезинформации за привлекување на поголем број на читатели.
