Економија, финансии, бизнис

Контакт

Американската амабасада очекува СЈО да остане независно

Американската амабасада очекува СЈО да остане независно

В.Д. амбасадорката на САД во земјата, Микаела Швајцер Блум, изјави дека според мислењето на Вашингтон, Специјалното јавно обвинителство мора да има независност и можност да работи во сите отворени случаи. 

Блум во зенитот на политичките разговори за судбината на СЈо, рече дека регуларното и специјалното обвинителство и нивните напори за гонење на корупцијата се предуслов за граѓаните да ја вратат својата доверба во судскиот систем.

- Сметаме дека за време на овие разговори треба да се има на ум дека секој граѓанин на Северна Македонија треба да има таква доверба во своите институции, да има очекување за еднаква правда и сметаме дека независното СЈО во рамките на редовното е важен чекор пред нас"- рече Микаела Швајцер - Блум, вршителот на должност амбасадор на САД во Скопје.


Слично

Поврзани вести