Американска компанија ќе експлоатира антимон кај Крива Паланка, во разговорите со САД и „Чебрен и Галиште“
Американска компанија ќе ја експлоатира рудата антимон во близина на кривопаланечкото село Луке, а рудата потоа ќе се преработува во САД, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Тој рече дека истражувањата се во завршна фаза и дека наскоро се очекува почеток на активностите.
Според Мицкоски, ова е една од темите во рамки на стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД, каде се разговара и за дигитализација, вештачка интелигенција, енергетика, инфраструктура и одбранбена индустрија.
Тој најави дека на потенцијални американски инвеститори ќе им биде претставен и проектот „Чебрен и Галиште“. Дополнително, посочи дека имало средби и со компании заинтересирани за евентуални инвестиции во дата центри во земјава.
Слично
