Американец удирал полицец во Јавното обвинителство
Американски државјанин нападнал полициски службеник во просториите на Основното јавно обвнителтво во Скопје, информира МВР.
Инцидентот се случил во 15 часот по кратка вербална расправија меѓу Американецот О.С.А.(54) и полициски службеник. Насилникот по два часа бил приведен и задржан во Полициска станица Центар.
Од МВР нема детали во какво својство О.С.А. бил присутен во Обвинитлеството, ниту, зошто е приведен два часа по инцидентот.
Слично
