Економија, финансии, бизнис

Контакт

Американец нападнал полицаец во Скопје

Американец нападнал полицаец во Скопје

Полицијата привела вчера две лица од кои едниот е од САД, а другиот од Скопје затоа што кај нив пронашле бела грутчеста материја и кафеава прашкаста материја. По пронаоѓањето и приведувањето американскиот државјанин нападнал еден полициски службеник. Настанот се случил попладнето во 17.20 на улицата „Филип Втори Македонски“ во Скопје. 

„Полициски службеници ги лишиле од слобода Д.А.(34) од Скопје и Р.Е.В.(36) од САД затоа што при преглед кај нив биле пронајдени бела грутчеста материја и кафеава прашкаста материја. Тие биле приведени и притоа Р.Е.В. физички нападнал полициски службеник, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Слично

Поврзани вести