Американците попрво се кладат на пари, отколку на обврзници
Американските инвеститори во последно време се повеќе се наклонети кон тоа да ги уновчат своите обврзници.
Но, тие пари не ги вложуваат во акции, како што се очекува, туку во парични инвестициски фондови, во кои заработувачката е многу помала. Таквиот изненадувачки тренд всушност е последица на стравот од вложување во акции, и покрај тоа што берзанските индекси во CАД достигнуваат нови рекорди.
Cе проценува дека минатиот месец инвеститорите повлекле дури 43 милијарди долари од обврзници во инвестициските фондови. Cпоред Investment Company институтот, тоа бил најголемиот месечен одлив досега. Како што истражувал Wall Street Journal, непосакуваните движења на пазарот со должнички инструменти, се поттикнати од стравот дека американските сојузни резерви (Fed), нема да ги одржат своите ветувања за задржување на ниските каматни стапки. А подигнувањето на каматите значи помали придонеси од обврзниците.
Многу аналитичари очекуваа дека парите повлечени од фондовите ќе се прелијат во акции. Но, се случи обратно, и најголема корист од нивното одлевање имаа паричните фондови - инвестициски фондови, во кои главно вложуваат зихерашите.
Cепак, многу акционери очекуваат дека парите од фондовите со текот на времето, повторно ќе се вложуваат во акции, особено што оние кои имаат големи залихи на пари, сакаат да заработат и повеќе.
Слично
