Економија, финансии, бизнис

Контакт

АМЕРИКАНЦИТЕ НЕ КРИЈАТ КАКВА ВЛАДА ОЧЕКУВААТ: Партнер што ќе знае да го искористи членството во НАТО

АМЕРИКАНЦИТЕ НЕ КРИЈАТ КАКВА ВЛАДА ОЧЕКУВААТ: Партнер што ќе знае да го искористи членството во НАТО

Американците не кријат каква влада сакаат да видат во земјава. Според нив, сега е период на преговарање за формирање коалиција, што е природен процес во демократските парламентарни системи. 

САД очекуваат добар и силен партнер во новата влада на Македонија, рече специјалниот претставник на Стејт департмент за Западен Балкан, Метју Палмер, кој учествуваше на виртуелен брифинг на „Балкан инсајдер“ во Вашингтон, а пренесе македонската редакција на Гласот на Америка.

„Сега е период на преговарање за формирање коалиција, што е природен процес во демократските парламентарни системи. Од перспектива на САД, она што е важно и што сакаме да го истакнеме, е дека очекуваме добар и силен партнер во владата на Македонија, влада која е посветена максимално да го искористи членството во НАТО, влада која е посветена да ја води државата напред на патот кон Европската Унија, рече Палмер.

САД, додаде, очекуваат новата влада да биде посветена и на имплементирање на Договорот од Преспа.

„Влада која ќе работи да го унапреди мирот и просперитетот на сите граѓани на Македонија“, нагласи Палмер.

Тој нагласи дека независно од тоа каква влада ќе излезе од моменталното коалицирање на политичките актери, ќе може да најде силен и натамошен партнер во САД, доколку биде посветена на исполнување на овие цели.

Слично

Поврзани вести