Економија, финансии, бизнис

Контакт

AMERICAN CORNER ОТВОРЕН НА УКИМ: Американското катче ќе биде центар за информирање и активности

AMERICAN CORNER ОТВОРЕН НА УКИМ: Американското катче ќе биде центар за информирање и активности

Во соработка помеѓу Амбасадата на САД и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје,  денес, 8 ноември  2021 година, на Економскиот факултет на Универзитетот со пригодна свеченост беше отворено Американско катче (American corner) како центар за јавно информирање и активности, со цел подобрување на заемното разбирање и контакти помеѓу народите на двете држави, како ресурсен центар студентите и наставниците од УКИМ и пошироко.

На свеченоста беше потпишан и Меморандум за работа на катчето од страна на Н.Е. Кејт Мари Брнз, Амбасадор на Соединетите Американски Држави во РСМ; ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски; и проф. д-р Предраг Трпески, Декан на Економскиот факултет.



Слично

Поврзани вести