Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заменик-министерот Атанасов: Новата програма за прво, второ и трето одделение стартува од септември

Заменик-министерот Атанасов: Новата програма за прво, второ и трето одделение стартува од септември

Заменик-министерот за образование Петар Атанасов ја уверува јавноста обраовната програма, а која МОН се декларира дека е поквалитетна, ќе стартува од новата учебна година за прво, второ и третооделенците. Ваквото убедување следува по критиките од јавноста дека оваа група мора да биде активна дома со родителите или тие да ангажираат приватни часови уште на таа возраст поради неможноста да ја следат и раберат тековната програма во училиштата.

Новиот модел за поквалитетно основно образование, од 1 до 3 одделение требаше да стартува лани, но освен најави, конкретна имплементација се уште нема.

„Има и објективни и субјективни причини. Објективните се врзани со комплетната смена на кабинетот на министерот. Еден министер замина цо цел свој тим, дојде сосема нов министер, со цел свој тим. Второ, сакаме големи промени, ама големите промени понекогаш мала ситница ќе ви ги одложи за три до шест месеци. Ќе има во септември пилотирање за прво, второ и трето одделение, со нови програми и сето она што е ветувано“, најави заменик заменик министерот за образование Петар Атанасов. како гостин во студиото на Радио МОФ, во емисијата „Јасно и гласно“,


Слично

Поврзани вести