Амди Бајрам за покажувањето среден прст: Toj народ ќе гласа за мене
Пратеникот Амди Бајрам oд Сојузот на Ромите кој ќе се кандидара за претседател на државата, вечерва во интервју за ТВ 24 изјави дека е сериозен во намерата да се трка за оваа функција.
Вели дека штом партијата така одлучила, мора таа одлука да ја испочитува.
„Целта ми е да го обединам народот за подобра иднина. Гледате што се случува во Република Македонија, до што сме дојдени и треба едно обединување“, вели Бајрам.
Вели дека има големо искуство и дека поминал многу работи.
Бајрам за оној гест кога покажува среден прст на луѓето собрани пред Собрание, вели дека тие луѓе ќе гласаат за него.
Раскажа дека тоа била тешка ситуација, го мавале со ѓевреци, јогурти, и затоа бил изреволтиран. Својата реакција ја оцени како најнормална.
