Економија, финансии, бизнис

Контакт

АМДИ БАЈРАМ СЕ НАЛУТИ: Бидете хуманитарни, дозволете ми да поставам прашање

АМДИ БАЈРАМ СЕ НАЛУТИ: Бидете хуманитарни, дозволете ми да поставам прашање

Во Собранието денеска пратеникот Амди Бајрам се пожали дека не може да дојде до збор за пратенички прашања. Тој беше на 16. место на листата за поставување прашања до министрите во Владата.

„Јас имам прашање до МВР и до Јавниот обвинител. Две седници се мачам да го поставам и не можам да дојдам на ред. Бидете хуманитарни, дозволете ми да поставам прашање. Па јас ве поддржувам овде, ценете ме и вие еднаш мене. Ако сакате, па да си дадам оставка“– вели Бајрам.

Потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, му одговори на Бајрам дека поставил прашање на претходните седници.

„Што е ова, ние не сме ли фактор? Што ако сум Ром? Има проблем што сум припадник на ромското малцинство“, рече Бајрам. 

Претходно се побуни пратеникот Зијадин Села, затоа што е 17-ти на списокот на пратеници денеска за поставување прашања во Собранието. 

Слично

Поврзани вести