Амди Бајрам официјално им откажа љубов на ВМРО ДПМНЕ во Собранието
Амди Бајрам и официјално си кажа дека повеќе не е дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој од денес па натаму ќе делува како пратеник на Сојузот на Ромите.
„Сакам денеска да изјавам дека до денеска сум бил како пратеник на Сојузот на Ромите во коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и од денеска ќе делувам како Сојуз на Ромите во парламентот како пратеник, благодарам“, кажа кусо Бајрам, откако побара збор процедурално, пишува сакамдакажам.мк.
Амди Бајрам е познат како политичар кој користеше фудбалски жаргони да ги опише своите маестрални потези против Бранко Црвенковски и други противници, а кошаркарски кажано доби „банана“ од ДУИ, односно блокада за обидот да си најде своја група во Собранието со која ќе дејствува во координација.
Слично
