Амди Бајрам: Колку пијалоци ќе се испијат јас мислам толку гласови ќе имам
Пратеникот Амди Бајрам oд Сојузот на Ромите вечерва во интервју за ТВ 24 изјави дека тој е поискусен политичар од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Смета дека Мицкоски не е добар лидер.
„Подобро мене да ме избереа од ВМРО-ДПМНЕ, ќе ги извадев од кал“, рече тој.
Бајрам изјави дека за претседателските избори лесно ќе собере потписи да се кандидира, затоа што тврди дека имал поддршка од сите заедници.
Тврди дека овој пат нема да биде Кока Кола, туку Амди Кола, и вели колку пијалоци ќе се испијат толку гласови ќе има.
За коалициите рече дека никој не е венчан, но не памети кога бил во опозиција.
Бајрам вели дека денеска се отвори една многу важна врата за Македонија.
Слично
