Економија, финансии, бизнис

Контакт

Амди Бајрам ги повика Ромите да дадат поддршка на Договорот на референдум

Амди Бајрам ги повика Ромите да дадат поддршка на Договорот на референдум

Амди Бајрам од Сојузот на Ромите од Македонија се изјасни дека ќе гласа за Договорот и ги повика сите ромски политички партии да дадат поддршка.

„Јас и ние Ромите во Македонија сме секогаш лојални на државата каде што живееме“- рече Бајрам.

Тој од собраниската говорница им се заблагодари на министерот за надворешни работи,  Никола Димитров и на премиерот Зоран Заев затоа што, како што рече, направија Република Македонија, македонскиот народ и сите националности да видат благодет.„

„Оптимист сум 72 до 75 посто дека референдумот ќе биде успешен“- вели Бајрам.

На собраниската седница за ратификација на договорот со Грција не присуствуваат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Слично

Поврзани вести