Економија, финансии, бизнис

Контакт

АМДИ БАЈРАМ Е ИСКРЕН: Јас сум секогаш со власта

АМДИ БАЈРАМ Е ИСКРЕН: Јас сум секогаш со власта

Амди Барјам, пратеникот и лидер на партијата Сојуз на Ромите на Македонија, останува со власта. 

Тој, на прес конференција во Собранието, ги отфрли шпекулациите дека преговара со ВМРО-ДПМНЕ, и според него, тие се лага. Потенцира дека неговата партија ќе ја продолжи коалицијата со владејачката СДСМ.

„Останувам со коалицијата на СДСМ. Јас јавно кажав дека секогаш ќе бидам со власта. Но, гледајќи ја целата ситуација, јас веќе бев на тој брод. Титаник потона, нормално отидов на другиот брод и секако дека имаме успешна соработка со СДСМ“, вели пратеникот Бајрам. 

На прашањето дали ако на изборите победи ВМРО-ДПМНЕ, ќе премине во коалиција со нив, тој порача: „Отом потом, сега сум со СДСМ и му дадов поддршка на лидерот, дека на избори одиме заедно. Останувам со СДСМ, било што било некогаш“ нагласи Бајрам.


Слично

Поврзани вести