Економија, финансии, бизнис

Контакт

„АМБАСАДОРОТ ВО ВАШИНГТОН ЖИВЕЕ ВО СТАН ЗА КОЈ СЕ ПЛАЌААТ 3.700 ДОЛАРИ“ - МНР велат дека ова е точно и ја демантираат ВМРО-ДПМНЕ

„АМБАСАДОРОТ ВО ВАШИНГТОН ЖИВЕЕ ВО СТАН ЗА КОЈ СЕ ПЛАЌААТ 3.700 ДОЛАРИ“ - МНР велат дека ова е точно и ја демантираат ВМРО-ДПМНЕ

Министерството за надворешни работи целосно ги демантира податоците изнесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а се однесуваат за трошоците на амбасадата во САД.

„Наведената сума од шест илјади долари за изнајмување на Вила за живеење во Вашингтон е целосна неточна. Амбасадорот во Вашингтон живее во стан за кој се плаќа 3.700 долари, што е дозволен лимит за пониските ешалони на вработени во амбасадата и соодветно на цените на наемнините во главниот град на САД, и воопшто не претставува предмет на луксузирање. Во делот за живеење во амбасадата на земјава во САД, кој се спомнува во објавата, сѐ уште живее досегашната вршителка на работите во амбасадата, која и по доаѓањето на Амбасадорот Попов продолжува со своите работни активности во амбасадата како дел од дипломатскиот персонал“, се вели во демантот од МНР до опозициската партија. 

Слично

Поврзани вести