Економија, финансии, бизнис

Контакт

Амбасадорот на Русија ја посети општина Битола

Амбасадорот на Русија ја посети општина Битола

Во општина Битола денес беше остварена средба меѓу амбасадорот на Русија, Олег Шчербак, и градоначалникот на Битола, Наташа Петровска. На средбата се разговараше за билатералната соработка помеѓу двете земји, со посебен акцент на соработката помеѓу Русија и Битола.

„На мое задоволство, денес мој гостин беше амбасадорот на Русија. Она што би сакала во оваа пригода да го нагласам е тоа што Битола како конзулски град е поврзана точно со Русија затоа што првото дипломатско претставништво ни доаѓа токму од Русија. Зборувавме за тоа со кои предизвици се соочува нашиот град, кои се перспективите и можностите за идна соработка и поддршка од страна на Русија“, изјави градоначалникот на општина Битола, м-р Наташа Петровска.


Според амбасадорот, Русија е подготвена во понатамошниот период за соработката помеѓу двете држави да се развива на сите нивоа: културна, туристичка, инвестициска и секаков друг вид соработка, за што е подготвена Македонија.

„За нас Русите, Битола е многу важно место затоа што токму во Битола во 1860 година беше основано руското дипломатско претставништво и почна руската дипломатија на Балканот. За нас, Битола е многу важна бидејќи во Првата светска војна илјадници руски војници ги дадоа своите животи, тука во Битолско. Важна е како место каде што беа дојдени илјадници руски доселеници кои беа принудени да ја напуштат својата татковина по револуцијата во 1917 година и дочекаа многу топол прием од македонскиот народ. Русите секогаш одговараат со добро на добро. Оние луѓе што беа дојдени тука во Битола со својот труд и вредна работа се заблагодарија за приемот. Руските инженери, наставници, професори и лекари многу придонесоа за развојот на Битола во 20-тите и 30-тите години на 20 век“, изјави амбасадорот на Русија во Македонија, Олег Шчербак.

Слично

Поврзани вести