Амбасадорот Ангелов вели дека емоциите ги усложниле македонско - бугарските односи
За македонско - бугарските односи, бугарскиот амбасадор во Македонија, Ангел Ангелов вели дека емоциите ги усложнија работите.
Тој рече дека две години по потпишувањето на Договорот за добрососедство, тешко е да се препознае напредок, па на негово место настана недоверба, напади и штетни дејствија. Ова го изјави денеска бугарскиот амбасадор во Македонија, Ангел Ангелов, во емисијата „Бугарија наутро” на ТВ „Бугарија он ер”, јави МИА од Софија. Амбасадорот тврди дека Бугарија покажала добра волја во однос на Северна Македонија во изминатите години, но нивната земја, како што рече, има своја национална позиција, усвоена со консензус од Националното собрание. Додава дека преголемите емоции ја правеле целата работа посложена и дека треба да се мисли попрагматично, дека сите инструменти треба да се применуваат заедно – од историјата до економијата.
