АМБАСАДОРКАТА НА ИЗРАЕЛ СО ВИДЕО ОД НАПАДОТ: Прв антисемитски инцидент од 1945
Амбасадорката на Израел во Македонија Виви Аисен, објави видео на социјалните мрежи од обидот за палење на објектот на Еврејската заедница и синагогата во Скопје.
На снимката се гледа моментот на обидот за подметнување пожар.
Со видеото, таа напиша дека станува збор за „длабоко вознемирувачки антисемитски инцидент – прв од 1945 година“. Таа истакна дека нападот удира врз вредностите на соживотот што ги негува еврејската заедница и порача дека стои зад заедницата, повикувајќи ги македонските власти да ги изведат одговорните пред лицето на правдата.
Слично
