АМБАСАДОРКАТА БРНЗ: САД се задоволни од разговорите меѓу Северна Македонија и Бугарија
САД се задоволни од разговорите меѓу Северна Македонија и Бугарија, напиша американската амбасадорка во нашава земја, Кејт Брнз на нејзиниот профил на Твитер по средбата со премиерот Зоран Заев.
-Гледаме позитивен пат напред и задоволни сме од тековните разговори меѓу Бугарија и Северна Македонија за да се придвижат напред евроинтеграциите на Северна Македонија, вели Брнз во нејзината објава на Твитер.
We see a positive way forward and are pleased with the ongoing conversation by both and to move EU accession forward.
— Ambassador Kate Byrnes (@USAmbNMacedonia) May 26, 2021
На состанокот,
како што соопштија од Владата, е реафирмирано партнерството меѓу Северна
Македонија и САД, a истакнати се и пораки за континуиран напредок во реформите
и во борбата против корупцијата.
Констатирано е дека политиките на дијалог отвораат перспективи за нашата држава
и за целиот регион, а Соединетите Американски Држави, како што е соопштено, се
заинтересирани за позитивни процеси во регионот.
Во таа насока е пренесена поддршка од САД за натамошен напредок на
Северна Македонија, по НАТО - и во процесот на европските интеграции. При тоа е
изразена заедничка согласност дека е време да продолжи проширувањето на ЕУ,
коешто ќе значи охрабрување за целиот Западен Балкан, заедно со НАТО
перспективите, државите од регионот да продолжат да се развиваат според
демократските вредности
