Амбасадорите во ЕУ за прв пат со консензус дека Македонија почнува преговори со ЕУ
Синоќа во доцните вечерни часови заврши средбата на амбасадорите на земјите-членки на ЕУ за прв пат во историјата со општ консензус дека Македонија во март треба да ги започне преговорите со Унијата.
- Информациите кои ги добив се дека е постигнат консензус за безусловна одлука за почеток на преговори на Северна Македонија, која треба да се потврдина 24 март од страна на министрите за надворешни работи на земјите-ченки на ЕУ а потоа и конечно на Самитот на премиерите на 26 март, објави денеска Бујар Османи, вицепремиерот за евроинтеграции.
Османирече дека оваа добра вест за Македонија значи дека конечно за прв пат е постигнат консензус меѓу сите членки после сите разлики кои ги имаше ЕУ по ова прашање 15 години.откако земјата доби кандидатски статус.
