Економија, финансии, бизнис

Контакт

АМБАСАДОРИ – ЖЕРНОВСКИ ВО БУКУРЕШТ, ТУПАНЧЕВСКИ ВО БЕЛГРАД, НАСЕВ ВО ПЕКИНГ: Во Бразил заминува Игор Попов, а Илбер Села во Берлин

АМБАСАДОРИ – ЖЕРНОВСКИ ВО БУКУРЕШТ, ТУПАНЧЕВСКИ ВО БЕЛГРАД, НАСЕВ ВО ПЕКИНГ: Во Бразил заминува Игор Попов, а Илбер Села во Берлин

Пред членовите на собраниската Комисија за надворешна политика, новите амбасадори ги претставија нивните дипломатски активности.

Новиот амбасадор во Кина, Сашко Насев истакна дека треба да се либерализира визниот режим со оваа земја.

-Треба да работиме да го либерализираме визниот режим, бидејќи меѓу 20 и 30 илјади туристи годишно побаруваат туристички визи, олеснувања за добивање на македонски визи. Кина во последните 30 години е секогаш меѓу десетте најзначајните економски партнери на нашата држава. Трговската размена е околу една милијарда долари, од кои имаме дефицит речиси 800 милиони долари, рече тој.

Новиот амбасадор во Бразил, Игор Попов истакна дека треба да обрнеме големо внимание на развој на односите со оваа држава.

Потенцира дека во Бразил треба да се постави земјоделско аташе, експерт кој ќе работи не само на подобрување на квалитетот, континуитетот на размената, но и на зголемување на увозот и стимулирање на нашите партнери во инвестирање во таканаречените нови агро слободни зони.

Илбер Села - амбасадор во Германија

Новиот амбасадор во Германија, Илбер Села истакна дека годинашното одбележување 30 години воспоставување дипломатски односи ја гледа како нова појдовна точка за продлабочување и поткрепување на заемно корисна работа меѓу Северна Македонија и Германија. Како што потенцира новиот амбасадор, Германија е рангирана на првото место со кого Северна Македонија остварува најголем обем на трговска размена во последните 10 години. Посочи дека билатералната трговска размена секоја година расте во просек помеѓу 10 до 17 проценти.

Инаку, поранешниот министер за правда Никола Тупанчевски ќе биде новиот амбасадор во Белград, Шпенд Садики во Израел, Јасмин Ќахил оди во Варшава. Додека во Букурешт како амбасадор заминува Андреј Жерновски. 


Слично

Поврзани вести