Економија, финансии, бизнис

Контакт

Амбасадор Георг Вуцас реагира - новиот закон за игри на среќа е неуставен

Амбасадор Георг Вуцас реагира - новиот закон за игри на среќа е неуставен

Пратениците од Комисијата за европски прашања да не дадат поддршка за новиот Закон за игри на среќа поради негова неуставност. Сериозна реакција од австрискиот амбасадор , Георг Вуцас до Владата и пратениците откако измените на регулативата за игри на среќа стигна во законодавниот дом. Амбасадорот реагира дека Владата го злоупотребува и европското знаменце за да избегне јавна дебата за контроверзниот закон.

,,Актуелните одредби ги нарушуваат темелните вредности на уставниот поредок во член 8 од Уставот на Република Северна Македонија, т.е. владеење на правото, слобода на пазарот и претприемништво, почитување на општоприфатените норми на меѓународното право“- пишува во писмото од амбасадорот на Австрија во земјава.

Амбасадорот во писмото потенцира дека измените на Законот кои што ги предлага Владата се косат и со други членови од Уставот - членот 51 каде е регулирано дека сите закони мора да бидат  во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Вуцас наведува дека измените на регулацијата се спротивни и со членот 52 од Уставот во кое е регулирано дека законот не може да има ретроактивно дејство, а се косат и со членот 59 кој гласи:

„На странските вложувачи им се гарантира правото на слободно изнесување на вложениот капитал и добивката. Правата стекнати врз основа на вложениот капитал не можат да се намалуваат со закон или друг пропис“.

Австрискиот амбасадор бара од пратениците од Комисијата за европски прашања, доколку на дневен ред биде ставен предлог-законот истиот да не го разгледува поради ненадлежност и да не дадат согласност за предлог законот поради неуставност.

Вуцас укажува дека владеењето на правото ги опфаќа сите институции и процеси, а од исклучително е важна одговорноста што ја има законодавниот дом. Пратениците и Владата го добиле писмото од австрискиот амбасадор и за дел од медиумите информирале дека забелешките сериозно ќе ги разгледаат. 

ПР објава

Слично

Поврзани вести