Економија, финансии, бизнис

Контакт

Амбасадите во Скопје загрижени за екстремно загадениот воздух

Амбасадите во Скопје загрижени за екстремно загадениот воздух

Денес се бележи најголемото загадување на воздухот во Скопје кој стана „главен“ град во светот според мерните станици и ги надмина и најзагадените градови од Азија. Граѓаните се загрижени за своето здравје, а за мерки за справување со состојбата се запрашуваат и од странските амбасади во Македонија. Американската амбасада на социјалните мрежи ги праша граѓаните што може да се преземе.

„Загадувањето на воздухот во Скопје денеска беше толку големо што едвај можеше да се види амбасадата! Кои се вашите идеи за почист воздух во Македонија?“ напишаа од Амбасадата на САД на Фејсбук и на Твитер.

Холандскиот амбасадор Ваутер Пломп кој најчесто го користи велосипедот како превозно средство денес поради екстремното загадување имаше дилеми.

„Постои дилема: дали да се користи автомобил и да се придонесе на загадувањето или да се земе велосипед и тоа да се вдишува. Денеска за прв пат се обидов со маска“, напиша Пломп на Твитер.

Од новите градски и општински власти се очекува да преземат конкретни мерки кои ќе ги ублажат состојбите со високото присуство на штетни честички во воздухот и да ги заштитат граѓаните, но засега нема јасна визија што точно ќе биде преземено што дополнително го крева револтот кај граѓаните.

Слично

Поврзани вести