Економија, финансии, бизнис

Контакт

Амбасади го искараа Мицкоски

Амбасади го искараа Мицкоски

Американската и германската амабасада во САД реагираа дека секогаш треба да се внимава на изјавите во каков контекст ќе бидат искажани по она што предизвика најмногу реакции од разговорот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој во „Сител“ судењето за упадот во Собранието на 27 април го спореди си „нирнбершкиот“.

Споредбата на постапките на правосудните служби на Северна Македонија со Нирнбершките процеси е несоодветна, смета Амбасадата на СР Германија во Скопје.

Во својата писмена реакција на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во која судењето за случајот „27 април“ го спореди со Нирнбешките процеси, амбасадата наведува дека „со тоа се минимизираат делата на наци-злосторниците“.- Одговорните лица во Северна Македонија треба да придонесат за надминување на поделбата на општеството и да водат конструктивен дијалог за иднината на земјата во правец на евроатлантските интеграции. Освен тоа, самите изјави за Нирнбершките процеси се целосно неприфатливи, се наведува во писмената реакција на германската Амбасада.

Со реакција се јави и амбасада на САД во Скопје и побара поцивилизиран дијалог.

„Запалива реторика од политички лидери предизвикува страв и поделби, посебно кога погрешно се користат минати настани, како Нирнбершките судења, за политички цели. Таквиот јазик е опасен и не придонесува за продуктивен дијалог за иднината на земјата. Критично е лидерите тука да се вклучат во поцивилизиран дијалог што ќе придонесе за напредок на стабилноста и просперитетот на Северна Македонија“, беше наведено во соопштението од амбасадата на САД.


Слично

Поврзани вести