Економија, финансии, бизнис

Контакт

Амбасадата на Турција: Донирајте самo материјална помош што е нова

Амбасадата на Турција: Донирајте самo материјална помош што е нова

Амбасадата на Република Турција во Скопје очекува материјалната помош што се донира дека треба да биде нова и пакувана согласно зимските услови. На пакетите на турски јазик јасно да биде напишан видот на материјална помош.

При пренос на материјалната помош до погодените места од земјотресот треба да се има предвид дека надлежни за собирање на донациите се Црвениот крст и Заедницата на единици на локална самоуптрава. 

Ова е заклучокот по вчерашната координативна седница на тема пренесување на материјалната помош до Туркије помеѓу амбасадата и македонските институции.

„На самиот пакет како примач на материјалната помош во Туркије во вид на етикета треба да се наведе „Ankara Sosyal Yardımlaşma ve Dayanışma Vakfı”. Материјалната помош која ќе биде пратена по копнен пат, во Ипсала и Капикуле ќе бидат прифатена во центрите на собирање помош на Вилајетот на Едрене“ се вели во соопштението.
На следниот линк може да го најдете списокот на центрите за собирање помош Од Амбасадата додаваат дека правните лица можат да пратат материјална помош со царинска декларација, а сите детални податоци се објавени на веб страницата на Царинската управа.

Слично

Поврзани вести