Амбасадата на САД ја пофали работата на Ана Петровска, директорката на инспекторатот за животна средина
Амбасадата на САД ја оцени работата на директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска, како одлична по посетата на ОХИС каде започнува чистењето на малата депонија од отрвниот линдан.
„Политичкиот службеник на американската амбасада Ендру Мофат со владините инспектори го посети објектот на ОХИС. Директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска, ја водеше турнејата и ја презентираше одличната работа што ја прави инспекторатот за идентификување и следење на загадувањето на животната средина. Со нетрпение очекуваме да продолжиме со нашата соработка“, објави амбасадата на САД.
Владата минатата недела го одобри планот за чистење на малата депонија со линдан во кругот на ОХИС. Пет децении откако илјадници тони линдан, инаку канцероген инсектицид, се закопани во дворот на некогашниот хемиски гигант од времето на поранешна Југославија.

