Економија, финансии, бизнис

Контакт

Амбасадата на САД го извести македонското обвинителство за дојава дека 83 лица добиле огнено оружје за избори

Амбасадата на САД го извести македонското обвинителство за дојава дека 83 лица добиле огнено оружје за избори


Комисијата за следење на кривични дела поврзани со изборите и гласањето.на Основното јавно обвинителство - Скопје добило неколку известувања за евентуални изборни нерегуларности меѓу кои и од амбасадата на САД во земјава.

Од таму е доставено известување дека лице од политичка партија пријавило оти над 80 лица добиле огнено оружје за да го загрозат изборниот процес.

– На 17.10.2021 година во 09:04 часот по лотус добиено е известување од страна на Оперативниот штаб, доставено од страна на Амбасада на САД во кое известуваат дека едно лице од политичка партија, на 16.10.2021 година се обратило до нив и споделило информација дека 83 лица кои биле повеќекратно осудени сторители на кривични дела и се на слобода, добиле огнено оружје со цел попречување на изборниот процес, како и дека друго лице – познат сторител на кривични дела поседува оружје и дека на денот на гласањето ќе изврши кривични дела со кои ќе го загрози животот и телото на лица – членови на политичка партија“, се вели во соопштението на ОЈО.

Од обвинителството додаваат дека по приемот на известувањето преку МВР се проверуваат наводите од пријавата и се преземаат оперативни мерки за проверка на лицата и разговор со подносителот на пријавата.

Слично

Поврзани вести