Економија, финансии, бизнис

Контакт

Амбасадата на Русија: Заев шири русофобија

Амбасадата на Русија: Заев шири русофобија


Со паушалните изјави на претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, со обвинувања за наводно финансирање на антивладини протести во Македонија се шири русофобија во земјата. На ова се надополнуваат и неодамнешните изјави на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, се вели во официјалното соопштение на Амбасадата на Русија во Македонија.

„Ова ширење на русофобијата, преку западните партнери на Македонија сѐ почесто станува алатка за постигнувње на сопствени внатрешни и надворешно политички цели.

Во тој контекст се доведува во прашање искреноста на заложбите на Владата на Република Македонија за градење пријателски односи со Руската Федерација.

Очекуваме дека македонската страна, во рамките на законите на државата и меѓународната практика, ќе спроведе детална и објективна истрага на наводите на кои алудираат посочените членови на Владата на Република Македонија, и на јавноста и на руската страна ќе ѝ презентира реални факти, а не конструкции.

Сметаме дека се контрапродуктивни и неодговорни обидите за заплашување на граѓаните со измислена руска закана“, се вели во соопштението на руската амбасада во Скопје.


Слично

Поврзани вести