Економија, финансии, бизнис

Контакт

Амбасада на САД: Бејли не ја посетил ДИК, не е време за лажни вести

Амбасада на САД: Бејли не ја посетил ДИК, не е време за лажни вести

Американската амбасада во Скопје реагира на натписите во дел од медиумите кои известуваа дека амбасадорот, Џес Бејли се мешал во работата на Државната изборна комисија. 

Велат дека ова е неточно и дека се загрижени за овие дезинформации. 

„Со загриженост го забележуваме ова неточно известување, кое тврди дека американски амбасадор се меша во работата на Државната изборна комисија. Ова не е време за објавување на лажни вести или заговори. Амбасадорот на САД не се сретна со претставници на ДИК, не ја посетил Државната изборна комисија, ниту пак интервенирал кај некој од членовите на ДИК. САД ги поддржува правата на граѓаните на Република Македонија во демократски процес кој е отворен, транспарентен и одговорен“ - се вели во соопштението.

Ова вклучува и преглед на жалби и приговори, во согласност со македонските закони, наведуваат оттаму. 


Слично

Поврзани вести