Амбасада на САД: Процесот на приговори за резултатите да се одвива во согласност со законот
Политичките партии треба да овозможат процесот на приговори за резултатите од предвремените парламентарни избори од 11 декември да се одвива во согласност со законот.
Ова го изјавија од Амбасадата на САД, на прашањето на „Мета“ како ги коментираат синоќешните вербалните напади врз странски дипломати во Македонија, говорот на омраза и апелите за линч.
„Ова беа тесни избори и природно е што страстите се подигнаа. Ги охрабруваме сите партии да работат заедно и да го адресираат тоа што ги загрижува луѓето во Македонија и потребите на оваа земја. Се надеваме дека сите партии ќе овозможат процесирањето на приговорите да се подвива според законот, на фер, транспарентен и мирен начин“ – изјавија од Амбасадата на САД.
На синоќешниот протест на приврзаниците и на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, директорот на државниот архив, Филип Петровски, алудирајќи на американскиот амбасадор Џес Бејли, му порача да не провоцира.
