АМАНДМАНОТ ЗА МАСКИТЕ НА ОТВОРЕНО ПРЕД КОМИСИЈАТА ЗА ЗДРАВСТВО: Пленарната седница е закажана за 14 часот
Во моментов
Комисијата за здравство расправа по амандманот од законот за заштита на
населението за заразнио болести кои се однесува на задолжителното носење маски
и на отворено, за што координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован
Митревски, за Фактор вели дека има некои забелешки, за кои некои работи треба
да се допрецизираат.
-Јас верувам дека дел од забелешките ќе бидат прифатени и дека измените и дополнувањата од овој исклучително важен Закон ќе бидат усвоени од членовите на собраниската Комисија за здравство. Потоа треба да има и законодавно-правна Комисија, а пленарната седница во Собранието е закажана за во 14 часот. Се надевам дека дотогаш ќе завршиме, ако не, ќе има мало одложување, но секако денеска Законот за заштита на наслението од заразни болести ќе се најде прет пратениците и за него ќе се гласа. Мерките од првиот пакет, кои беа предложени од страна на Комисијата за заразни болести пред неколку недели, ќе стапат на сила откако ќе биде усвоен Законот, односно откако ќе излезе во Службен весник, изјави пратеникот Митревски.
Во првиот пакет мерки се задолжително носење маски и на отворено, забрана за групирања на повеќе од четири лица на јавни места, како и забрана за семејни собири, односно дозволено е во еден дом да дојдат најмногу четири гости. Здравствените власти веруваат дека со целосно почитување на овие мерки, ќе се намали трансмисијата на корона вирусот во Македонија.
А.Б.