АМАНДМАНИТЕ ВО СОБРАНИЕ: Каде во Уставот „ќе се чепне“?
Владата го усвои Предлоготот на амандманите за уставните промени согласно Преспанскиот договор, бидејќи претходно групата на екс пратениците на ВМРО ДПМНЕ, кои спротивно на ставот на партијата, гласаа за нивна измена.
Новитет е тоа што во преамбулата ќе биде внесен Охридскиот договор.
Премиерот Заев рече дека првиот амандман се однесува на промената на името на Македонија во Република Северна Македонија, а вториот на додавањето на Охридскиот рамковен договор. Заев смета дека оваа одлука е вистинска.
Додал дека третиот амандман вели оти Македонија ќе го пичитува тереиторијалниот интегритет на другите држави, а четвртиот го штити населението кое живее во странство без мешање во внатрешните работи на други држави. Изработката на амандманите доаѓа по усвојување на постапката за промена на уставот, врз основа на одлуката од 19 октомври 2018та, донесена во Парламентот.
Имено, 1 декември е датумот за кога е закажана пленарната седница за уставните измени. На 7-ми ноември пак, ќе се одржи седница на Комисијата за разгледување на амандманите.
